



AIESEC како една од најголемите студентски организации во светот, веќе 65 години активно работи врз идејата за развивање на лидерските способности кај младите луѓе како и тимската работа која е главен услов за загарантиран успех и позитивни резултати. Нашите членови се дел од глобална мрежа преку која имаат можност да допринесат за општествени промени додека ја истражуваат сопствената визија за позитивно влијание на општеството. На интернационално ниво сме подржани од илјадници партнерски компании и организации кои преку AIESEC го подржуваат лидерскиот развој кај младите и добиваат пристап до топ таленти преку нашата интернационална програма за размена. Нашите алумни се лидери во своите области на работа и делување. Тие го користат искуството, инспирацијата и способностите кои AIESEC им ги овозможил со цел да бидат агенти на позитивни промени во денешното општество. Денес AIESEC постои во повеќе од 113 земји во светот и брои околу 68000 членови кои се целосно посветени на она што го работат се со цел да ја постигнат главната цел на својата организација т.е. од себе да создадат водечки личности кои со своето знаење, вештини и креативни способности ќе допринесат за промени во светот.
Living diversity
Учиме од различните стилови на живеење како и од размислувањата кои го имаат луѓето кои се манифестираат во мултикултурната средина во која живееме и работиме. Го цениме и охрабруваме придонесот на секоја индивидуа.
Activating Leadership
Ние сме лидери за пример, го потикнуваме развојот на лидерството преку најразлични акции кои даваат резултати. Секогаш подготвени да превземеме голема одговорност и да го откриваме потенцијалот на луѓето.
Enjoying participation
Работиме во една динамична средина која се создава, благодарение на нашите креативни и крајно ентузијастички насочени членови кои уживаат да бидат дел од успешната AIESEC приказна.
Acting sustainably
Работиме на начин којшто е корисен за нашата организација и за општеството. Нашите дискусии и залагања допринесуваат за идните генерации.
Demonstrating integrity Постојано се согласуваме и сме крајно транспарентни во нашите дискусии. Верни сме на нашите заложби и го избираме патот којшто е најсоодветен за нас и нашата организација.
Striving for еxcellence
Секогаш се залагаме да го постигнеме највискиот квалитет на она што го работиме. Преку креативност и иновации се обидуваме да дистигнеме врвни резултати. Постојано сме посветени на она што го работиме за да ги унапредиме нашите способности.
Зошто е AIESEC различен?
AIESEC платформата им овозможува на индивидуите да создата свое- лично искуство преку најразлични можности кои им се нудат. Резултатот е типично 1 до 5 годишно искуство што "произведува" личности со следниве вештини и способности:

